Becutan KIDS VITS Мултивитамини

За активни дечиња

 

 

Здравата, разновидна и добро балансирана исхрана е основа за правилен раст и развој на Вашето дете.

 

Таа треба да обезбедува доволно количество хранливи макроелементи, како што се протеините, мастите и јаглехидратите, но, многу значајно е тоа што треба да обезбедува и соодветно количество хранливи микроелементи, а тоа се витамините и минералите. 

Од друга страна, современиот начин на живот, динамичното секојдневие, како и достапноста на брзата храна, која е истовремено честопати и најатрактвна за нашите малечки, претставуваат дополнителен предизвик за обезбедување оптимална исхрана.

Како родители коишто се грижат за здравјето на своите деца, постојано се стремиме нивното секојдневие да биде што повеќе исполнето со корисни активности кои ќе придонесат за нивен подобар психофизички развој, како што е спортот, изучувањето странски јазици и разни други активности и работилници наменети за поттикнување на физичката и на умствената агилност.

Секако, редовната и здрава исхрана е незаменлива основа за овозможување правилен развој на детето. Во таа смисла, и воведувањето мултивитамински додаток, како потпора на секојдневната исхрана, може да биде добар начин за дополнување на хранливите микроелемнети кои се неопходни за здрав раст и развој, а кои не сте секогаш сигурни дека со редовните оброци се обезбедуваат во доволни количини, соодветни на потребите на Вашето дете.

 

Витамините претставуваат есенцијални хранливи микроелементи потребни за правилна функција на организмот и особено се значајни при интензивниот раст и развој на децата. Тие се вклучени во голем број метаболички процеси во телото, кои без нивно присуство не би можеле нормално да се одвиваат. Човечкиот организам не е во можност витамините да ги создава самостојно, поради што е неопходно тие редовно да се внесуваат преку исхраната. 

 

Becutan KIDS VITS Мултивитамини претставува додаток во исхраната со вкус на портокал којшто содржи комбинација на 9 витамини и е наменет за дополнување на исхраната и за поддржување на детскиот раст и развој.

Употребата на сирупот е мошне лесна и практична – еднаш на ден, најдобро наутро по оброк. За дечиња на возраст над 1 година се препорачува примена на половина кафена лажичка (2,5 ml), додека за деца над 4 години се препорачува примена на 1 кафена лажичка (5 ml). 

Доколку е потребно, сирупот може да се раствори во вода или во овошен сок и веднаш да се консумира. Сирупот треба да се протресе пред употреба. 

 

Состав

    Во 2,5 ml. Во 5 ml.
Витамин Ц mg 13 26
Витамин Б3 mg 2,7 5,4
Витамин Б1 mg 0,2 0,4
Витамин Б2 mg 0,2 0,4
Витамин Б6 mg 0,3 0,6
Витамин А mcg 133 266
Витамин Д mcg 1,25 2,5
Витамин Б12 mcg 0,4 0,8
Витамин Е mg 3 6

  • Витамин Ц – придонесува за нормално создавање колаген, со цел нормална функција на крвните садови, коските, ’рскавиците, непцата, кожата и на забите; придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, за нормално функционирање на нервниот систем и за нормална психолошка функција; придонесува за нормална функција на имуниот систем и за заштита на клетките од оксидативен стрес, како и за намалување на заморот и на исцрпеноста и ја зголемува апсорпцијата на железото;
  • Нијацин – придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, за нормално функционирање на нервниот систем и за нормална психолошка функција; придонесува за намалување на заморот и на исцрпеноста; 
  • Витамин Б1 – придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот,  нормално функционирање на нервниот систем, нормална психолошка функција и за нормална функција на срцето;
  • Витамин Б2 – придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, нормално функционирање на нервниот систем, заштита на клетките од оксидативен стрес, како и за намалување на заморот и на исцрпеноста;
  • Витамин Б6 – придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, нормално функционирање на нервниот систем и за нормална психолошка функција; придонесува за нормален метаболизам на протеините и на гликогенот и за нормално создавање црвени крвни клетки; придонесува за нормална функција на имуниот систем и за намалување на заморот и на исцрпеноста; 
  • Витамин А – придонесува за нормален метаболизам на железото и за одржување нормален вид, како и за нормално функционирање на имуниот систем;
  • Витамин Д – придонесува за нормална апсорпција/искористување на калциумот и на фосфорот, за одржување нормални нивоа на калциум во крвта и за одржување нормални коски и заби; придонесува за одржување нормална функција на мускулите и за нормална функција на имуниот систем;
  • Витамин Б12 – придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, за нормална функција на нервниот систем, за нормална психолошка функција, како и за нормално функционирање на имуниот систем; придонесува за нормално создавање црвени крвни клетки, како и за намалување на заморот и на исцрпеноста;
  • Витамин Е – придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.

 

Пакување

Секое пакување Becutan KIDS VITS Мултивитамини содржи стаклено шише од 100 ml, упатство за употреба и лажичка за полесно одмерување.

 

Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Производот не треба да се употребува како замена за разновидна исхрана

Грчеви
Грчеви
Нега на носот
Нега на носот
Имунитет
Имунитет
интелектуален развој
интелектуален развој
Апетит
Апетит
Активност
Активност