Becutan KIDS VITS Мултиомега - 3

Умно растеме заедно

 

 

Детскиот психомоторен развој е мошне интензивен и динамичен.

 

Ова е особено значаен и сензитивен период, во кој е потребно да се обезбедат сите услови за развој на соодветна мозочна структура и на мозочна функција кај Вашето дете. 

Во таа смисла, здравата и избалансирана исхрана претставува основа за обезбедување соодветно ниво на хранливи материи кај детето. 

 

Омега-3 полинезаситените масни киселини  се дополнителна основа за здрав развој на мозочното ткиво и за видот кај децата. Тие се есенцијални хранливи микроелементи за човечкиот организам, а особено е значајна докозахексаноичната киселина (ДХА/DHA). Таа има својство интензивно да се акумулира во мозочното ткиво на децата, особено во првите две години од животот, а и потоа, во текот на детството. ДХА претставува основен структурен липид во мозочното ткиво и во централниот нервен систем, вклучувајќи ја и ретината на окото, која, исто така, содржи високи концентрации на ДХА. 

Главен извор на омега-3 полинезаситените масни киселини претставува масната риба. Оттука, имајќи ја предвид достапноста на квалитетна риба, како и локалниот традиционален начин на исхрана, сосема разбирливо се наметнува прашањето дали внесувањето на омега-3 масните киселини е оптимално во исхраната на нашите деца?

 

Сирупот Becutan KIDS VITS Мултиомега-3 претставува додаток во исхранатa со прекрасен вкус на тропско овошје, којшто содржи комбинација на рибини масла богати со омега-3 масни киселини (ДХА и ЕПА), витамини и минерали. Неговата намена е да ја збогати детската исхрана со омега-3 масни киселини и со есенцијални витамини и минерали коишто го поддржуваат интелектуалниот развој на децата.

Посебната технологија Emuloil® со којашто е изработен сирупот Becutan KIDS VITS Мултиомега-3 овозможува негово поефикасно искористување во организмот, го овозможува богатиот витаминско-минерален состав на сирупот, како и прекрасниот вкус, без да се почувствува вкусот на риба во устата по пиењето на сирупот.

За деца над 1-годишна возраст се препорачува примена на 1 кафена лажичка (5 ml) на ден, додека за деца над 4-годишна возраст се препорачува примена на 2 кафени лажички (10 ml) на ден. 

Потребно е сирупот да се протресе пред употреба, а по првото отворање треба да се чува во фрижидер и да се искористи во рок од 60 дена.

 

Состав

    во 5  ml. во 10 ml.
Витамини Б1 mg 0,275 0,55
Витамини Б2 mg 0,3 0,6
Витамини Б3 mg 4 8
Витамини Б6 mg 0,3 0,6
Фолна киселина mcg 37,5 75
Витамин Д3 mcg 2,5 5
Витамин К mcg 10 20
Биотин mcg 10 20
Јод mcg 22,5 45
Цинк mg 1,5 3
EPA mg 188 376
DHA mg 125 250

  • ДХА (докозахексеноична киселин) придонесува за одржување нормална мозочна функција;
  • Цинкот и јодот придонесуваат за нормална когнитивна функција;
  • Јодот, витаминот Б1, витаминот Б2, витаминот Б3, vвитаминот Б3, и биотинот придонесуваат за нормална функција на нервниот систем; 
  • Витаминот Б2, витаминот Б3 и фолната киселина придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста;
  • ДХА, витаминот Б2 и цинкот придонесуваат за одржување нормален вид.  

 

Пакување

Секое пакување Becutan KIDS VITS Мултиомега-3 содржи шише од 250 ml, упатство за употреба и лажичка за одмерување.

 

Да не се надминува препорачаната дневна доза. Производот не треба да се употребува како замена за разновидна исхрана.

Грчеви
Грчеви
Нега на носот
Нега на носот
Имунитет
Имунитет
интелектуален развој
интелектуален развој
Апетит
Апетит
Активност
Активност