Becutan KIDS VITS Мултиимуно
За подобар имунитет
Имуниот систем е функционално незрел кај доенчињата и кај малите деца.
Горнореспираторните инфекции, пак, се најчести кај човечката популација, при што децата просечно заболуваат 4 – 7 пати годишно, а оние сместени во колектив (градинка, школо...) заболуваат и до 10 пати годишно.
- Респираторниот систем е во постојан допир со надворешната средина;
- Постојат голем број предизвикувачи на инфекции;
- Пренесувањето на инфекции е лесно (допир, кашлање, кивање...);
- Лекувањето на вирусните инфекции е само симптоматски;
- Вакцинирањето спречува само мал број од инфекциите.
Она што како родители можете да го направите за Вашето дете е да ги следите препораките за зајакнување на имунитетот.
- Обезбедување добар/квалитетен сон;
- Внесување доволно количество течности;
- Разновидна и избалансирана исхрана;
- Намалено внесување шеќери и вештачки засладувачи;
- Внесување добри масти (полинезаситени омега-3 масни киселини);
- Користење природни производи;
- Избегнување на непотребната примена на антибиотици;
- Физичка активност и престој на свеж воздух;
- Примена на додатоци во исхраната – витамини и минерали;
- Употреба на пробиотици.
Витамините и минералите претставуваат есенцијални хранливи микроелементи, неопходни за нормална функција на човечкиот организам и за одржување на имунитетот. Тие не се создаваат во човечкото тело и мора да се внесуваат преку исхраната или преку додатоци во исхраната.
Пробиотиците се живи микроорганизми кои се потенцијално корисни за човечкиот организам. Тие денес претставуваат сѐ позначаен фактор за модулација и за стимулација на имуниот одговор на човекот.
Lactobacillus rhamnosus GG претставува најдобро документиран пробиотски сој во светот, со докажано позитивно дејство врз имуниот систем.
Becutan KIDS VITS Мултиимуно претставува додаток во исхраната којшто содржи комбинација на витамини, минерали и пробиотик (Lactobacillus rhamnosus GG) во форма на прашок за растворање, со пријатен вкус на портокал. Придонесува за подигнување и одржување на имунитетот кај детската популација.
Прашокот за растворање Becutan KIDS VITS Мултиимуно е спакуван во двокоморна кесичка, изработена со специјална технологија Duocam®, која овозможува максимална ефикасност на производот во текот на целиот рок на траење.
Содржината од кесичката се раствора во вода или во друга течност со собна температура (млеко, сок или јогурт). Напитокот се пие свежо приготвен.
За деца над 1-годишна возраст се препорачува употреба на 1 кесичка на ден, додека за деца над 4-годишна возраст се препорачува употреба на 1 – 2 кесички на ден.
Состав
во 1 кесичка | во 2 кесички | ||
---|---|---|---|
Витамин А | mcg | 200 | 400 |
Витамин Д3 | mcg | 2,5 | 5 |
Витамин Ц | mg | 12,5 | 25 |
Витамин Б1 | mg | 0,3 | 0,6 |
Витамин Б2 | mg | 0,3 | 0,6 |
Витамин Б6 | mg | 0,3 | 0,6 |
Витамин Б3 | mg | 3 | 6 |
Панотенска киселина | mg | 1,3 | 2,6 |
Витамин Е | mg | 3,4 | 6,8 |
Фолна киселина | mcg | 37,5 | 75 |
Биотин | mcg | 6 | 12 |
Јод | mcg | 35 | 70 |
Калциум | mg | 40 | 80 |
Цинк | mg | 0,8 | 1,6 |
LGG | CFU | 5х109 | 10х109 |
Бета-каротен | mg | 0,15 | 0,3 |
- Витаминот Ц, витаминот А, витаминот Д, витаминот Б6, фолната киселина и цинкот придонесуваат за одржување нормална функција на имуниот систем;
- Витаминот Ц, витаминот Е и цинкот придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес;
- Витаминот Ц, пантотенската киселина, витаминот Б6, нијацинот и фолната киселина придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста;
- L. rhamnosus GG придонесува за одржување на рамнотежата на цревната микрофлора.
Пакување
Секое пакување Becutan KIDS VITS Мултиимуно содржи 14 кесички и упатство за употреба.
Да не се надминува препорачаната дневна доза. Производот не треба да се употребува како замена за разновидна исхрана.