Becutan KIDS VITS Назален изотоничен раствор и Becutan KIDS VITS Аспиратор за нос

За чисти носиња

 

 

Новороденчињата и доенчињата дишат исклучиво преку нос.

 

Токму поради овој факт, воспалителните процеси во носната шуплина, кои доведуваат до зголемено создавање секрет и до затнато носе, може да бидат причина и за тешкотиите во секојдневните активности, како на пример хранењето на бебето коешто станува отежнато, проблемите со спиењето и слични симптоми, коишто предизвикуваат вознемиреност како кај бебето така и кај родителите.

Овие воспалителни процеси може да бидат резултат на повеќе фактори: прав во домот, животни, загадување, пушење, вирусни и бактериски инфекции итн. 

Јасно е дека изложеноста на Вашето бебе на еден или на повеќето фактори е неизбежна и дека целосна заштита не е можна. 

 

Се препорачува во домашниот сет производи наменети за бебето задолжително да се вклучи и солен раствор за чистење на носето, пожелно во форма на спреј. 

 

Најдобро е тој да биде пуферен алкализиран раствор (рН 6,5 – 8,7) за поголема ефикасност при олеснување на симптомите. 

 

Becutan KIDS VITS Назален изотоничен раствор претставува медицинско средство во форма на спреј за назална употреба, наменет за секојдневна хигиена на носната шуплина кај бебиња и кај мали деца, како и за одредени воспалителни процеси. 

  • Содржи висококвалитетна морска вода.
  • Не содржи конзерванси.
  • Го олеснува дишењето.

 

Морската вода во Becutan KIDS VITS Назален изотоничен раствор потекнува од заливот Канкал во Бретања, Франција, познат по квалитетот на водата, што се должи на исклучително високата плима и на јаките струи коишто обезбедуваат високо ниво на чистота на водата. 

 

 

 

 

Becutan KIDS VITS Назален изотоничен раствор може да се впрскува во секоја ноздра онолку често колку што е потребно во текот на денот. 

Не треба да се употребува повеќе од 30 дена по отворањето.

 

Состав

Состав
Морска вода (30%) и прочистена вода (70%)

 

Пакување

Секое пакување Becutan KIDS VITS Назален изотоничен раствор содржи пластично шише од 30 ml и упатство за употреба.

 

 

За зголемена ефикасност при употребата на Becutan KIDS VITS Назален изотоничен раствор, кај бебињата се препорачува и истовремена употреба на Becutan KIDS VITS Аспиратор за нос, со кој се овозможува безбедно и ефикасно извлекување на вишокот секрет од носето и подобрување на протокот на воздух низ него. 

 

 

Becutan KIDS VITS Аспиратор за нос претставува медицинско средство наменето за отстранување на секретот од носната шуплина кај бебиња и кај мали деца, преку нежно негово вшмукување. Соодветен е за секојдневна хигиена на носната шуплина, особено во случаи на прекумерно создавање секрет и негово насобирање.

Се препорачува претходно ноздрите да се исчистат со Becutan KIDS VITS Назален изотоничен раствор, со што ќе се разреди слузта и ќе се олесни нејзиното извлекување по пат на вшмукување. Постапката се повторува во двете ноздри на бебето.

 

Пакување

Секое пакување Becutan KIDS VITS Аспиратор за нос содржи елегантна заштитна кутија, 1 назален аспиратор и 4 многу меки врвови.

Секое парче/врв содржи апсорбирачки филтер којшто ја задржува слузта, гарантирајќи хигиенски процес на нејзино извлекување и оневозможувајќи понатамошна контаминација.

 

Пред употреба внимателно да се прочита упатството!
За индикациите, ризикот од употребата и за несаканите дејства на медицинското средство, консултирајте се со Вашиот лекар или со фармацевт.

Грчеви
Грчеви
Нега на носот
Нега на носот
Имунитет
Имунитет
интелектуален развој
интелектуален развој
Апетит
Апетит
Активност
Активност