Becutan KIDS VITS Б-комплекс

За силни дечиња

 

 

Одредени дечиња се склони кон „пребирање на храната“ или можеби сте забележале дека Вашето дете во последно време губи интерес за храната, односно има намален апетит. 

 

Сосема е природно да сте загрижени и да се прашувате дали е сѐ во ред со детето.

 

  • Период на помала динамика на раст на детето – помала е потребата за храна;
  • Детето поминува низ период на поголемо осамостојување – одбивањето на храната може да биде начин на изразување на неговата поголема лична индивидуалност; 
  • Период на поинтензивно осознавање и на учење нови вештини – причина за поголема фокусираност на овие активности и помал интерес за храната.

  1. Држете се до редовната дневна рутина: 3 главни оброци и 2 ужинки, и погрижете се Вашето дете секогаш да седи на истото место на масата, така ќе чувствува поголема удобност и сигурност;
  2. Оброците сервирајте ги тогаш кога очекувате Вашето дете да биде најгладно; 
  3. Прво сервирајте помали оброци, пофалете го детето кога ќе ја изеде целата количина и понудете уште;
  4. Не го присилувајте или уценувајте Вашето дете доколку не сака да јаде одредена храна или доколку не ја испразни чинијата; 
  5. Охрабрете го детето да седи со Вас на масата за време на целиот оброк, дури и тогаш кога тоа не јаде;
  6. Охрабрете го детето да јаде самостојно, така ќе има поголема контрола врз процесот на јадење;
  7. Јадете заедно со Вашето дете, направете го оброкот интерактивен и забавен;
  8. Бидете добар пример за Вашето дете – во негово присуство јадете ја храната што сакате и тоа да ја јаде;
  9. Сведете ги на минимум нештата коишто може да го одвлекуваат вниманието на детето за време на оброкот, како што се телевизијата, компјутерите, таблет-компјутерите, телефоните и сл.;
  10. Бидете трпеливи при воведувањето нови намирници, можеби ќе Ви бидат потребни повеќе обиди. Кога воведувате нови намирници, погрижете се тие да бидат сервирани со веќе испробана храна, така оброкот ќе изгледа познато; 
  11. Бидете креативни – потрудете се оброкот да биде визуелно привлечен за Вашето дете;
  12. Охрабрете го детето да Ви помага во подготвувањето на оброците;
  13. Можете да ги поканите другарчињата на Вашето дете на заеднички оброк – децата имаат тенденција полесно да прифаќаат нови видови храна во друштво на врсници кои уживаат во неа;
  14. Не го користете десертот како награда за изедениот оброк – така на Вашето дете му давате порака дека слатките се најдобрата храна;
  15. Останете смирени! Дури и тогаш кога Вашето дете не го јаде понудениот оброк не реагирајте нервозно и вознемирено, Вашето дете тоа ќе го почувствува и ситуацијата може само да се влоши.

 

Несомнено, разновидната и избалансирана исхрана е неопходна за правилен раст и развој на Вашето дете и во таа смисла е незаменлива. Сепак, вклучувањето на додаток во исхраната на база на Б-витамини може да помогне за полесно надминување на периодите на намален апетит и за негово поттикнување.

 

Б-витамините  претставуваат есенцијални хранливи микроелементи, неопходни за нормалната функција на човечкиот организам. Нивното редовно внесување преку исхраната е многу значајно бидејќи тие не се создаваат во човечкото тело. Тие имаат бројни функции во правилниот метаболизам, а особено се значајни за правилното искористување на енергијата во организмот. 

 

Becutan KIDS VITS Б-комплекс претставува додаток во исхраната со вкус на ананас којшто содржи комбинација на 7 витамини од групата Б-комплекс, дизајниран како поткрепа на разновидната исхрана кај децата. Помага за нормално искористување на енергијата во организмот и за намалување на заморот и на исцрпеноста.

Употребата на сирупот е мошне лесна и практична – еднаш на ден, најдобро наутро по оброк. За дечиња на возраст над 1 година се препорачува примена на половина кафена лажичка (2,5 ml), додека за децата над 4 години се препорачува примена на 1 кафена лажичка (5 ml). 

Доколку е потребно, сирупот може да се раствори во вода или во овошен сок и веднаш да се консумира. Сирупот треба да се протресе пред употреба. 

 

Состав

    Во 2,5 ml. Во 5 ml.
Витамин Б3 mg 2,7 5,4
Витамин Б1 mg 0.2 0,4
Витамин Б2 mg 0,2 0,4
Витамин Б5 mg 1 2
Витамин Б6 mg 0,5 1
Витамин Б12 mcg 0,4 0,8
Биотин mcg 8 16

  • Витамин Б1 – придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, нормална психолошка функција и за нормална функција на срцето;
  • Витамин Б2 – придонесува за нормална функција на нервниот систем, како и за заштита на клетките од оксидативен стрес;
  • Ниjацин – придонесува за нормално функционирање на нервниот систем и за нормална психолошка функција;
  • Витамин Б6 – придонесува за нормална функција на нервниот систем и за нормална психолошка функција; придонесува за нормален метаболизам на протеините и на гликогенот; придонесува за нормално создавање црвени крвни клетки и за нормална функција на имуниот систем;
  • Витамин Б12 – придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, за нормална психолошка функција, како и за нормално функционирање на имуниот систем; придонесува и за нормално создавање црвени крвни клетки;
  • Пантотенска киселина – придонесува за нормална ментална функција;
  • Биотин – придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, за нормален метаболизам на хранливите макроелементи, како и за нормална психолошка функција; придонесува за одржување нормална коса, кожа и мукозни мембрани.

 

Пакување

Секое пакување Becutan KIDS VITS Б-комплекс содржи стаклено шише од 100 ml, упатство за употреба и лажичка за полесно одмерување..

 

Да не се надминува препорачаната дневна доза. Производот не треба да се употребува како замена за разновидна исхрана.

Грчеви
Грчеви
Нега на носот
Нега на носот
Имунитет
Имунитет
интелектуален развој
интелектуален развој
Апетит
Апетит
Активност
Активност