Becutan KIDS VITS Против грчеви
За мирни стомачиња
Грчевите во стомачето се „нормални“ и чести кај малите бебиња кои се здрави и кои добро напредуваат. Сепак, тие се една од најчестите причини за загриженост кај новите родители. Типично се појавуваат неколку недели по раѓањето и постепено се губат во текот на третиот и на четвртиот месец. Проследени се со повторувачки и пролонгирани епизоди на интензивно плачење или на вознемиреност, кои почнуваат без очигледна причина.
Причината за појава на грчевите не е со сигурност разјаснета, а, исто така, тие не може да бидат прекинати или спречени. Се смета дека можна причина за појава на грчеви е незрелоста на дигестивниот тракт, собирањето на воздух итн.
- Не можете да го смирите Вашето бебе;
- Ги стега дланките во тупаница;
- Ги повлекува колената накај градниот кош или го витка грбот;
- Стомачето е тврдо и кркори, има гасови.
Сепак, постојат начини да му помогнете на Вашето бебе и да си помогнете себеси.
- Кога го доите/храните Вашето бебе, поставете го во поисправена позиција за помалку да голта воздух;
- Помогнете му на бебето да подждригне по доењето/хранењето;
- Ставете го Вашето бебе во пријатна и тивка соба со пригушено светло;
- Нежно замотајте го бебето во тенко и меко ќебенце;
- Поставете го бебето преку Вашето колено или рамо и нежно масирајте го по грпчето;
- Обидете се со нажна масажа на стомачето или поставете топла облога на стомачето на Вашето бебе;
- Избањајте го бебето со топла вода;
- Поставете го бебето на Вашите гради и нежно нишкајте го движејќи се наоколу;
- Прошетајте го бебето во количка;
- Поставете го бебето безбедно во транспортер во автомобилот и повозете го.
Еден од најефективните пристапи е да се олесни ослободувањето на гасовите кои се создаваат по хранењето и предизвикуваат болно и надуено стомаче.
Becutan KIDS VITS Против грчеви претставува медицинско средство во форма на капки наменети за употреба при грчеви кај бебиња и кај деца и при гастроинтестинална подуеност.
Практичната капалка која доаѓа со секое пакување Becutan KIDS VITS Против грчеви овозможува лесно и брзо дозирање на капките:
- За новороденчиња се препорачува примена на 20 капки (или 1 ml, до изгравираната линија на капалката), еднаш до два пати на ден или согласно со препораките на докторот, пожелно е да се земаат по доење или по млечен оброк, по можност растворени во течност;
- За деца се препорачува примена на 20 капки (или 1 ml, до изгравираната линија на капалката), еднаш до три пати на ден или согласно со препораките на докторот, исто така, пожелно е да се земаат по оброк, по можност растворени во течност.
Потребно е капките да се протресат пред употреба и да не се употребуваат повеќе од 30 дена по првото отворање.
Состав
Во 20 gtt (1 ml) | |
---|---|
Симетикон во маслиново масло | 40 mg |
Пакување
Секое пакување Becutan KIDS VITS Против грчеви содржи стаклено шише од 30 ml, упатство за употреба и капалка за полесно одмерување.
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и за несаканите дејства на медицинското средство, консултирајте се со Вашиот лекар или со фармацевт.