Умно растеме заедно - Значењето на омега-3

Омега-3 масните киселини имаат важна улога во нормалното одвивање на метаболичките процеси во организмот.

 

Детскиот психомоторен развој е мошне интензивен и динамичен и Вие како родители се прашувате што може да направите за најдобро да го поддржите Вашето дете во овие процеси. 

Стандардно, најважно е детето да има основни услови за раст и развој, како што се топол дом, чиста вода за пиење, чиста животна средина, физичка активност, грижа, нега... и, секако, правилна и добро балансирана исхрана која вклучува и омега-3 масни киселини. 

 

Која е улогата на омега-3 масните киселини?

Омега-3 масните киселини имаат важна улога во нормалното одвивање на метаболичките процеси во организмот. Особено е значајна докозахексаноичната киселина (ДХА/DHA), која има својство интензивно да се акумулира во мозочното ткиво на децата уште во периодот на раниот развој во мајчината утроба, а и потоа во текот на детството, и е неопходна за одржување на мозочната функција и на видот. 

 

Дали внесувањето на омега-3 масните киселини преку исхраната на Вашите деца ги задоволува потребите на децата?

Еден од предизвиците на денешните родители претставува обезбедувањето доволни количини омега-3 масни киселини во исхраната на своите деца. 

Имено, главен извор на омега-3 масните киселини претставува масната риба, па оттука, имајќи ја предвид достапноста на квалитетна риба, како и локалниот традиционален начин на исхрана, сосема е разбирливо доколку си го поставувате ова прашање.

 

Каква е придобивката од употреба на додатоци во исхраната кои содржат омега-3?

Во денешно време постои избор на додатоци во исхраната базирани на омега-3 масни киселини со кои може да ја збогатите исхраната на Вашето дете. 

Добро е да се знае дека постојат научно одредени стандарди во однос на дневното внесување на омега-3 масните киселини, особено на ДХА, кога се работи за детскиот развој. Оттука и производот од избор треба да биде формулиран според овие стандарди. 

 

Кои се дополнителните предизвици поврзани со додатоците во исхраната базирани на омега-3 масните киселини?

Придобивката од употребата на додатоците во исхраната кои содржат омeга-3 масни киселини е очигледна, но овие производи најчесто имаат специфичен вкус и мирис на риба коишто вообичаено не се прифатливи за децата. Затоа при избор на производ базиран на омега-3 масни киселини, покрај добриот квалитет, значајно e да се внимава тој биде и вкусен за Вашето малечко, на општо задоволство на сите.

 

 

 

Image of Грчеви showcasing its key features
Грчеви
Image of Нега на носот showcasing its key features
Нега на носот
Image of Имунитет showcasing its key features
Имунитет
Image of интелектуален развој showcasing its key features
интелектуален развој
Image of Апетит showcasing its key features
Апетит
Image of Активност showcasing its key features
Активност