СЕ ВРАЌАМЕ ВО ГРАДИНКА
За подобар имунитет со Becutan KIDS VITS мултиимуно
Тргнувањето во градинка е значајна промена за секое дете, но и вистинска грижа за родителите. Секое дете кога ќе тргне во градинка, има период на приспособување, кој е проследен со зачестени инфекции. Децата го градат својот имунитет преку изложеност нa бактерии, вируси и на други микроорганизми. Токму поради тоа педијатрите сметаат дека 6 – 8 вирусни или бактериски инфекции во текот на една година се нормален дел од развојот на имунитетот кај децата.
За да се изгради силен имунолошки систем, треба да ги научиме децата здраво да се хранат, да бидат секојдневно физички активни, да престојуваат на чист воздух, често да ги мијат рацете...
ПЕТ ЧЕКОРИ ДО ПОДОБАР ИМУНИТЕТ
1. Добри навики за спиење
Добрите навики за спиење се еден од клучните фактори кои придонесуваат за добар имунолошки одговор кај децата. Во текот на спиењето децата (како и возрасните) лачат протеини наречени цитокини, соединенија кои се многу важни во борбата со инфекциите, болестите и со стресот. Затоа добриот сон е еден од клучните фактори за здраво и среќно дете.
2. Физичка активност
Физичката активност е многу важна за здрав раст и развој кај децата. Редовната физичка активност придонесува за здрави коски и мускули, подобро здравје на срцето, како и за подобри когнитивни перформанси (меморија и способност за учење). Препораката од педијатрите е најмалку 1 час дневно поминат во активности, игра и во прошетка на отворено. Прошетките и свежиот воздух се корисни за децата. Потребно е само да бидат облечени соодветно на надворешните временски услови.
3. Здрава исхрана
Здравата и балансирана исхрана игра огромна улога во имунолошкиот одговор. За градење и за одржување нормален имунитет кај децата, потребно е внесување хранливи микронутритиенти (витамини, минерали, протеини). Препораката е секојдневно внесување овошје, зеленчук и храна богата со протеини. Микронутритиентите од храната имаат клучно значење во зголемувањето на продукцијата на бели крвни зрнца (леукоцити), кои го штитат организмот од акутни инфекции. Во есенско-зимскиот период потребна е дополнителна суплементација со производи кои имаат витаминско-минерален состав, со оглед на намалената достапност на овошје и зеленчук.
4. Здрава цревна флора
Бактериите и другите микроорганизми кои се нормално присутни во цревата придонесуваат за соодветен имунолошки одговор кон патогените организми, како кај децата така и кај возрасните. Затоа е потребно одржување нормална цревна флора (нормално присутни, таканарачени добри бактерии во цревата) преку внесување храна богата со пробиотски бактериски соеви и со растителни влакна и производи кои содржат пробиотски соеви. Lactobacillus Rhamnosus GG е една од најиспитуваните пробиотски бактерии, која има одлична способност за приспособување и за зајакнување на имунолошкиот одговор.
5. Додатоци во исхраната – витамини, минерали и пробиотици
Becutan KIDS VITS мултиимуно претставува додаток во исхраната, кој содржи комбинација на витамини, минерали и пробиотик (Lactobacillus rhamnosus GG), во форма на прашок за растворање со пријатен вкус на портокал.
Кесичките Becutan KIDS VITS мултиимуно се изработени со технологијата Duocam®, што значи дека секоја кесичка содржи две одделни прегради: во едната преграда се наоѓа прашокот кој содржи витамини и минерали, додека, пак, во другата преграда се наоѓа прашокот кој го содржи пробиотикот Lactobacillus rhamnosus gg (LGG).
Витаминот Ц, витаминот А, витаминот Д, витаминот Б6, фолната киселина и цинкот придонесуваат за одржување нормална функција на имунолошкиот систем. Витаминот Д е неопходен за активирање на имунитетот. Витаминот Ц, фолната киселина и цинкот кај децата ги намалуваат времетраењето и тежината на симптомите на настинка, даваат подобри резултати кај децата со пневмонија и ги намалуваат симптомите на дијареја. Витаминот Ц, витаминот Е и цинкот придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес. Витаминот Ц, пантотенската киселина, витаминот Б6, нијацинот и фолната киселина придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста.