Детскиот имунитет – предизвик за секој родител

стимулативниот ефект на пробиотиците врз имунитетот на организмот

 

LGG – сојузник на детскиот имунитет

Пробиотскиот сој Lactobacillus rhamnosus GG, или скртено LGG, денес претставува еден од најпроучуваните пробиотски соеви во светот, со објавени преку 1000 научни трудови и над 300 клинички студии. Откриен е во 1985 год. од страна на американските професори Шервуд Горбах (Sherwood Gorbach) и Бери Голдин (Barry Goldin), по чиишто презимиња и го добил својот назив.

 

Зошто LGG е сојузник на детскиот имунитет? Што велат научните докази?

Во последната деценија, откако е забележан стимулативниот ефект на пробиотиците врз имунитетот на организмот, ширум се отвора вратата кон нивната употреба за поттикнување на имуниот одговор кај луѓето.

*Во 2015 година најреномираната глобална организација за евалуација на научни истражувања – Кохран (Cochrane), издаде позитивно мислење за употребата на пробиотиците за превенција од горнореспираторни инфекции, кои впрочем се и најчестите инфекции кај децата. Повторно LGG е претставен со најголем број научни докази, особено кај детската популација. 

 

Каква е придобивката од употреба на додатоци во исхраната кои содржат LGG?

Додатоците во исхраната се лесен и практичен начин да ја збогатите исхрната на Вашето дете со корисни хранливи микроелементи, за кои не сте сигурни дека се во доволна мера застапени во неговата редовна исхрана. 

За подобар ефект на производот, LGG може да се комбинира со одредени витамини и минерали коишто дополнително го збогатуваат неговиот состав и коишто придонесуваат за нормална имунолошка функција на организмот. 

Исто така, значајно е пробиотикот во производот да биде спакуван одделно од другите компоненти, со што се зголемува квалитетот на производот. 

 

За крај, да не заборавиме на вкусот!

Нашите малечки најчесто се и најголеми критичари кога станува збор за вкусот на фармацевтските производи. Затоа, секогаш кога можете, одберете производ со вкус којшто е пријатен и прифатлив за Вашето дете за да може дневната рутина да претставува задоволство за целото семејство J.  

 

 

 

*Hao Q. et al. „Probiotics for preventing acute upper respiratory tract infections“. Cochrane Database of Systematic Reviews, 2015, Issue 2., Art. No.: CD006895.

 

 

 

Image of Грчеви showcasing its key features
Грчеви
Image of Нега на носот showcasing its key features
Нега на носот
Image of Имунитет showcasing its key features
Имунитет
Image of интелектуален развој showcasing its key features
интелектуален развој
Image of Апетит showcasing its key features
Апетит
Image of Активност showcasing its key features
Активност