Раст и развој

препораки за раст и развој на вашето дете

 

Детскиот раст и развој е особено интензивен кај бебињата и кај малите деца.

 

За тој да биде правилен и детето да го достигне својот полн психофизички капацитет, неопходно е да се обезбедат соодветни услови кои подразбираат здрава и избалансирана исхрана, како и нормална средина во којашто детето ќе расте и ќе се развива. 

Во целиот тој процес особено е значајна улогата на родителите, но и на сите други личности коишто се вклучени во развојот на детето. 

 

Подолу може да погледнете неколку едноставни препораки на УНИЦЕФ во соработка со Светската здравствена организација, дефинирани според возраста на детето, коишто може да ги употребите низ игра и низ комуникација со детето за стимулација на неговиот развој во првите 24 месеци и понатаму (период кој децата најчесто го поминуваат во домашни услови, пред поаѓање во градинка). 

 

  • Пружете му грижа на Вашето дете и покажете му ја својата љубов.
  • Препознајте ги интересите на Вашето дете и соодветно реагирајте.
  • Пофалете го Вашето дете секогаш кога покажува интерес да научи нешто ново.

 

Потребно е Вашето новороденче да може непречено да гледа, слуша, да ги движи рацете и нозете и, секако, да Ве допира. Важно е тоа нежно да се милува и да се држи, а особено се препорачува контакт кожа на кожа. Може да го гледате Вашето новороденче во очи и да му зборувате, а за мајките доењето е одличен момент за тоа. 

Во овој период значајно е Вашето дете да може непречено да гледа, слуша, да се движи и да допира. Воведувањето едноставни играчки во боја соодветни за возраста ќе го стимулираат детето да ги гледа и да посегнува по нив. Зборувајте му на Вашето дете, смејте се со него, имитирајте ги звуците и гестикулациите кои ги произведува.

Може да му понудите на Вашето дете безбедни и чисти предмети од домаќинството кои ќе може да ги држи, да удира со нив, да ги фрла и слично или едноставни играчки соодветни за возраста. Следете ги интересите на детето и одговорете соодветно. Во овој период може да го повикувате Вашето дете по име и да ја следите неговата реакција. 

Сокријте ја омилената играчка на Вашето дете под крпа, под кутија и слично, за тоа да ја пронајде. Играјте криенка со детето. Може да започнете на Вашето дете да му ги кажувате имињата на предметите и на луѓето. Учете го детето да комуницира со рацете, на пр. да кажува чао. Корисни се играчки соодветни за возраста. 

Понудете му на Вашето дете малку посложени играчки или предмети од домаќинството (безбедни и чисти) кои ќе може да ги реди една над друга или да ги става една во друга и слично. Поставувајте му на детето едноставни прашања и поддржете ги неговите обиди да зборува. Зборувајте му за нештата околу Вас, за предметите, за природата...

Може да го учите Вашето дете да брои, да ги именува и споредува нештата. Понудете му едноставни играчки, соодветни за возраста, како што се предмети во различни бои и форми кои ќе ги сортира, лепи, реди, дајте му сложувалки, табла за цртање, книги со слики... Охрабрувајте го детето да зборува и одговарајте на неговите прашања. Читајте му на детето, пејте заедно песнички, раскажувајте приказни, играјте игри...

 

 

Подолу може да ги погледнете дијаграмите  на Светската здравствена организација за следење на растот на Вашето дете (висина и тежина), поделени според полот на децата. 

Средишните зелени линии (криви) на дијаграмите ја претставуваат просечната вредност од измерениот параметар за дадена возраст. Кривите кои се над средишната крива означуваат вредности над просекот, додека кривите кои се под неа, означуваат вредности под просекот. 

 

Вашиот педијатар може да Ви помогне во читањето на дијаграмите и во толкувањето на резултатите. 

 

 

Висина на женски деца (0 – 5 години)

Висина на машки деца (0 – 5 години)

Тежина на женски деца (0 – 5 години)

Тежина на машки деца (0 – 5 години)

 

Грчеви
Грчеви
Нега на носот
Нега на носот
Имунитет
Имунитет
интелектуален развој
интелектуален развој
Апетит
Апетит
Активност
Активност